На денешен ден е роден Г.Г Стефан, поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

t

На денешен ден во 1955 година е роден  Митрополит Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Поглаварот на МПЦ-ОА е роден како Стојан Вељановски во с. Добрушево, Битолско.

Во 1969 г. се запишал на Македонска православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје и завршил во 1974 година. Истата година се запишал на Теолошкиот факултет во Белград каде дипломирал во 1979 година. По неговото враќање Светиот Архиерејски Синод на Македонската Првославна Црква го назначил за учител во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. Во 1980 г. се запишал на постдипломски студии во Институтот „Св. Никола“ во Бари, Италија кој се специјализира во патријаршиски и Византиски студии. Во 1982 г. дипломира на институтот.

Кога тој се вратил во Македонија станал професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Тој се замонашил во манастирот „Св. Наум“ во Охрид на 3 јули 1986 г. а на 12 јули бил именуван за Митрополит Струмички, а кратко потоа именуван за поглавар на Брегалничката епархија.

Во наредните години тој работел како декан на Богословскиот факултет во Скопје, портпарол на Светиот архијерејски синод, како главен уредник на црковниот весник „Црковен Живот“ и главен секретар на Архиепископот Охридски и Македонски.

Во Охрид од 9-10 октомври 1999 г. на црковно-народниот собир (составен од духовни и световни членови) бил избран за поглавар на Македонската православна црква.

Во 2019 година, по повод јубилеите на г.г. Стефан: 20 години поглавар на Македонска православна црква и 33 години како архиереј во епархиите во Македонија и дијаспората, беа издадени неговите проповеди „Слово за словото“, во пет тома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и…

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно…

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан на средба…

Архиепископот г.г. Стефан денеска во Ватикан ќе…

Џафери и Пендаровски на именден кај г.г.…

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска традиционално…

Духовното и национално единство ни е попотребно…

А духовното и национално единство ни е…

Г.г Стефан ќе чиноначалствува со литургија во…

Сестринството од манастирот Успение на пресвета Богородица…