Објавено на:

На денешен ден е роден Кузман Јосифовски – Питу

t

На 23 јуни во 1915 во Прилеп е роден Кузман Јосифовски – Питу, народен херој на Македонија.

Роден е како трето дете на родителите Лефта и Цветан Јосифоски. Семејството на Кузман било работничко – тутунопроизведувачко. Домашните, како и прилепчаните го викаат со името Борко.

Основното образование го завршува во родниот град Прилеп. Семејството на Кузман не располага со големи материјални средства, меѓутоа, сепак, успева да го испрати да го продолжи своето образование во Битолската гимназија.

Студирал на Универзитетот во Белград каде бил еден од предводниците на напредната студентска младина. Станал член на КПЈ во 1938 година. Бил еден од организаторите на студентско друштво „Вардар“ и на македонското национално движење МАНАПО.

Бил организатор и учесник на повеќе национални манифестации и демонстрации за подигање на национално-револуционерната свест за продолжување на ослободителната борба против окупаторскиот режим.

Во октомври 1941 земал активно учество во организирањето и дејствувањето на првиот прилепски партизански одред, кој почна со нападот на участокот на 11 октомври 1941. Неговата активност во 1942та година, е забележана во западните делови на Македонија, каде успева да ги возобнови старите и да оформи нови ограноци низ Тетово, Гостивар, Мавровско, Дебар, Кичево и Струга.

Упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, во својата илегална работа патувал честопати во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија. Во текот на бугарската окупација на Македонија живеел илегално во населбата Буњаковец Бугарската полиција го убила во Скопје, на 25 февруари 1944 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…