На денешен ден: Пред 29 години беше емитувана првата епизода на „К-15“
На денешен ден, пред точно 29 години, беше емитувана првата епизода на македонската хумористична емисија „К-15“.
Духовитите фрази и конверзации на комичното трио бргу станаа дел од популарната култура кај нас, а кратките хумористично-сатирични скечови беа најгледаната програма во сабота навечер.
Бранко Огњановски, којшто го глумеше ликот на Миле Паника, денеска објави видео на својот инстаграм-профил, во кое ги потсети своите следбеници на првиот скеч којшто го снимиле со Васко Тодоров (Тошо Малерот) и Љупчо „Бубо“ Каров (Цацко Конопишки).
„Ова е првиот скеч што јас, Бубо и Васко го имаме глумено во К-15. Првата епизода беше емитувана на денешен ден, на 23 ноември 1994 година. Денеска полниме 29 години, а догодина – 30. Кој сака, нека честита во коментари“, рече тој во видеото.
Тројцата создавачи на емисијата ја забавуваа телевизиската публика, но и упатуваа силна социјална, политичка и економска критика, особено за нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите и табу-темите.
„К-15“ се емитуваше на повеќе македонски телевизии, меѓу кои А1, Сител, Канал 5, МТВ и Алфа.
Последната епизода беше емитувана на 23 март 2013 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за…
Од 15 ноември до 15 март е…
Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…
26-годишен жител на Кочани се соочува со…
Стотици илјади Украинци останаа без струја по…
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…