На денешен ден пред 36 години свечено беше осветен Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ – еден од симболите на Скопје
Пред 36 години, на 12 август 1990 година, во Скопје свечено беше осветен Соборниот храм на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, посветен на светиот сесловенски просветител Свети Климент Охридски.
Изградбата на храмот започнала со поставувањето на камен-темелникот на 23 април 1972 година, според идејното решение на македонскиот архитект Славко Брезоски.
Храмот е изграден во форма на ротонда, со димензии 36 на 36 метри, а неговата архитектура се карактеризира со куполи и лакови. Внатрешниот простор зафаќа околу 1.000 квадратни метри и може да прими близу 6.000 верници.
Главната црква е посветена на Свети Климент Охридски, подземната црква на Света Богородица, додека страничните капели се посветени на Свети Цар Константин и Царица Елена и на Светиот маченик Мина.
Пред храмот се наоѓа и фонтана која е подарок од Исламската верска заедница, како симбол на верскиот соживот во Скопје.
Соборниот храм низ годините прерасна во еден од најпрепознатливите верски и културни симболи на главниот град, а неговата архитектонска вредност неодамна доби и меѓународно признание. На европскиот градежен натпревар Baumit Life Challenge 2026 во Будимпешта, фасадата на храмот ја освои првата награда од јавното гласање.
Денес, 36 години по свеченото осветување, храмот „Свети Климент Охридски“ останува значајно духовно и архитектонско обележје на Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…