На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа, вели министерката за финансии
На Детската клиника во Скопје работеле лица без претходно обезбедена законска согласност за нивно работно ангажирање. Ова е одговорот што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го даде откако денеска директорот на Детската клиника рече дека институцијата се соочува со недостаток на средно-медицински кадар, поради што е доведено во прашање нормалното функционирање на сменската работа и дежурствата.
Димитриеска-Кочоска рече дека барањето од Детската клиника било доставено на 22 јануари и упати прашање како вработените биле повикувани на работа во јавната здравствена установа во тие 22 дена од годината.
Таа вели дека директорот за да ги задржи вработените требало да има обезбедено согласност пред Нова година.
„Што значи дека повторно се враќаме на она прашање – како директорот ги ангажирал и ги повикувал да дојдат на работа, кога законски не смеел? Понатаму, ние имаме рокови во коишто одговараме. Но, фактот дека тие луѓе не смеел да ги повикува на работа – останува, затоа што 22 јануари е 22 дена по Нова година“,одговори министерката на новинарско прашање.
Во однос на нови вработувања, таа рече дека зборувала и вчера.
„Побарајте му податоци да ви даде од архивите за да видите во април 2025 година колку нови согласности добил и што се случило на 22 април, односно колку согласности за на неопределено добил, во исто време, треба да се праша исто, директорот, кого тогаш вработил – кои 38 лица се вработени, а кои луѓе останале, да кажеме, без постојано вработување?“,додаде Димитриеска – Кочоска.
Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, денеска рече дека установата се соочува со недостиг на средномедицински кадар поради што е доведено во прашање нормалното функционирање на сменската работа и дежурствата.
Тој посочи дека речиси половина од моментно вработените медицински сестри од законски или оправдани причини не можат да бидат вклучени во ноќните дежурства и сменската работа.
Директорот Мемеди информира дека веќе побарал дополнителни согласности за нови вработувања од Министерството за финансии и нагласи дека без овие лица клиниката се соочува со сериозни проблеми во организацијата на работата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…