Објавено на:

На ЕУ ѝ следуваат десет страшни зими доколку не преземе нешто за замрзнување на цената на гасот

t

Европската унија планира итни чекори за намалување на поскапувањето на електричната енергија, изјави во понеделник претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

„Силно растечките цени на електричната енергија сега, од различни причини, ги откриваат ограничувањата на нашиот сегашен дизајн на пазарот на електрична енергија“, рече Фон дер Лајен во говорот на самитот за Бледска стратегија во Словенија, според Блумберг.

„Затоа сега работиме на итна интервенција и структурна реформа на пазарот на електрична енергија“.

Невиден скок на цените на електричната енергија, кои скокнаа речиси 10 пати во изминатата година, ја поттикна инфлацијата и го зголеми економското оптоварување на бизнисите и домаќинствата кои се опоравуваат од пандемијата. Се повеќе земји-членки бараат ограничување на цените, а Чешка, која претседава со ЕУ, планира да свика итен состанок на министрите за енергетика на 9 септември.

Истовремено, како што пренесува BBC, министерката за енергетика на Белгија предупреди дека земјите од Европската унија ќе се соочат со пет до десет страшни зими доколку не се преземе ништо за замрзнување на цената на природниот гас.

Се зголемуваат повиците да се постави плафон за цената на гасот ширум ЕУ и да се одвои цената на гасот од цената на струјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…