На Клиниката за ортопедски болести првпат е трансплантирана коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија
На Универзитетската клиника за ортопедски болести во Скопје успешна е извршена трансплантација, со имплант, односно коска од починат донор, која е имплантирана на два прста кај 13 годишно дете со брахидактилија, соопшти Министерството за здравство.
Како што велат од Министерството, кај нас првпат е извршена ваков тип на трансплантација и детето е со уреден постоперативен тек .
Изразувам посебна благодарност и честитки за целиот тим предводен од д-р Даница Поповска и доц.д-р Илир Шабани, како и сите здравствени работници кои учествуваа во оваа трансплантација – д-р Лилјана Ангелеска, д-р Теодора Божиновска, д-р Филип Видоевски, инструментарки Сузана Пејчиновска, Арјета Мемети, анестетичар Менка Дојчиновска, радиолошки технолог Крешник Шеху и гипсер Ирена Галевска. Ќе продолжиме со уште посилно темпо заедно со сите чинители да ја подигнуваме свесноста за овој највисок акт на човекољубие – истакна проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.
Пред три години, на Клиниката за ортопедски болести во Скопје, првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат дарител. Тогаш 34-годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат дарител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања…
Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во…
На кого Мицкоски му „набаци“ милионски бизнис…
Со јавно-приватно партнерство ќе се градат монтажни…
Британец починал на Клиника, бил донесен во…
Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…
Познат кардиохирург го нападнал директорот и медицинска…
МВР информира дека денеска околу 10.00 часот…
Отворање на Центар за фетална медицина во…
На ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и…