На Курти му се смачи: Сакаме нормализација ама Србија е сè поненормална
Премиерот на Косово Албин Курти денеска изјави дека Србија го отфрлила француско-германскиот план, додека Косово смета дека тој е добра основа за понатамошни дискусии. Тој порача и дека Европската унија мора да изврши притисок врз Белград, објавија косовките медиуми.
„Планот на ЕУ, кој го поддржуваат Франција и Германија, го видовме како добра основа за разговори, а Србија едногласно го отфрли на состанокот на Советот за национална безбедност на 27 октомври 2022 година“, рече Курти.
Тој рече и дека посетата на Косово од страна на високиот советник на американскиот Стејт департмент Дерек Шол доаѓа во важен момент кога се наближува годишнината од почетокот на војната во Украина.
„Нашиот северен сосед Србија не само што не ја осуди руската агресија, туку напротив склучи три важни договори со Руската Федерација“, додаде Курти.
Тој рече дека целта на Косово е да ги нормализира односите со Србија, фокусирајќи се на правно обврзувачкиот конечен договор со взаемно признавање.
„Соединетите Американски Држави се и наш партнер и наш сојузник, затоа тесно ќе соработуваме со цел да ги нормализираме односите со Србија, но мора да разбереме дека имаме сè поненормална Србија. Планот на ЕУ со поддршка на Франција и Германија го сметавме за добра основа за разговори, а Србија го отфрли. Односите меѓу Косово и Србија треба да се засноваат на договор со взаемно признавање Германската канцеларка побара и взаемно признавање“, рече Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…