На мака се познаваат јунаците
Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток од 18 часот во „Таурон арена“ во Краков ќе ја има последната шанса со победа над директниот конкурент Аргентина да обезбеди пласман во втората фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.
Победата е единствена опцијата за македонските ракометари откако во двете воведни кола во рамки на групата Ф претрпеа убедливи порази со двоцифрена разлика од Норвешка (27-39) и Холандија (24-34).
Со триумф над Аргентина избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го продолжат мундијалскиот настап во новоформираната група со Норвешка, Холандија, Германија, Србија и Катар, додека, нерешен резултат или пораз ќе ги однесе „црвено – жолтите“ во т.н. „президент куп“ во кои репрезентациите ќе разигруваат за пласман од 25. до 32. место.
Селекторот Лазаров на вчерашната прес – конференција нагласи дека со максимална концентрација и фокусираност Аргентина може да биде совладана.
– Дојдовме тука со цел да ја минеме првата фаза и утре е главната битка за нас со Аргентина. Станува збор за екстра квалитетен противник кој и вчера со Норвешка покажа дека игра цврст и добар ракомет. Сметам дека сме тука некаде со квалитетот, доколку сакаме да победиме мора да одиграме максимално во сите шеесет минути, изјави вчера Лазаров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…