“На многаја лета возљубена наша татковино”: Бигорскиот манастир традиционално ќе го одбележи Илинден
Од Бигорскиот манастир информираа дека свештената бигорска обител традиционално ќе го одбележи втори август, Денот кога се слави споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 119- годишнината од херојското Илинденско востание.
– Централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска Литургија во прекрасниот преродбенски храм на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во село Лазарополе, која ќе почне во 9 часот. Со Литургијата ќе чиноначалствува нашиот старец и игумен, неговото преосвештенство епископ Партениј Антаниски, додаваат од Бигорски.
Утре ќе се одржи и Доксологија- молитва за татковината што ја востанови токму владиката Партениј.
– Свечениот чин на Доксологија- молитва за татковината и за покој на паднатите за слобода ќе се одржи во соборниот храм на Свештената Бигорска Обител и започнува во 14 часот. Честит Илинден и од Бога благослов. На многаја лета возљубена наша Татковино, посакаа од Бигорски манастир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…