На наредната владина седница одлука за кризна состојба во енергетиката
Владата на наредната седница ќе донесе одлуки за прогласување кризна состојба за електрична енергија и за топлинска енергија што ќе важи од 1 септември годинава, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Кризната состојба ќе важи со започнување на мерките од 1 септември, па до крајот на септември. Во меѓувреме ќе пратиме во Собрание барање за продолжување на кризната состојба до крајот на грејната сезона, бидејќи таква е регулативата во нашата држава, односно по 30 дена кризна состојба Собранието треба да донесе одлука за нејзино продолжување, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција во Владата заедно со генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски..
Во делот на топлинската енергија, како што кажа, веќе се формирани компаниите од страна на ЕСМ.
-Денеска на седницата на Владата е донесена одлуката за започнување на постапка. На наредната седница на Владата ќе биде објавен јавниот повик на кој најверојатно ќе конкурира ЕСМ иако тоа можеше да го направи и Град Скопје, но најверојатно тие сега веќе немаат ни компанија за таа намена, прецизира Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Савески до пратениците: Во овој момент не…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…
Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…
Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за…
Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…