„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ е единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

t

На тендерот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за доделување одобрение за нов мобилен оператор, единствена понуда достави компанијата „Оне Македонија телекомуникации“, која е во сопственост на унгарската фирма „Фор-ај-џи“.

На денешното отворање на понудите во АЕК, Комисијата за спроведување на тендерот констатираше дека компанијата доставила целосна документација. „Постапката ќе продолжи согласно законот. Следува евалуација на документацијата, по што ќе се изготви извештај“, изјави претседателот на Комисијата, Игор Бојаџиев.

Поради локалните избори, конечната одлука за избор на новиот оператор ќе биде донесена по завршување на изборниот процес. Иако документација за учество подигнале три компании, на крај понуда достави само една.

Според условите од тендерот, новиот мобилен оператор треба да започне со работа на крајот на 2026 година, а неговиот влез на пазарот се очекува да ја зголеми конкуренцијата и да понуди нови сервиси за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…

Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…

Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…

„Фајненшл тајмс“: Русија договорила испорака на 90…

Русија се согласила да му испорача на…

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ „ТЕОДОР РУЗВЕЛТ“ НЕМА…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“,…