На Онкологија од денеска ги има биолошките лекови што недостигаа
Двата биолошки лека кои недостигаа на Клиниката за онкологија од денеска ги има за пациентите, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
-Среќен сум да известам дека сите пациенти за кои недостигаше, од денеска ги имаат и овие два биолошки лека, изјави Таравари на настан на кој беше најавен проект за унапредување на образованието за медицински сестри и акушерство.
Соопшти дека постојано е во комуникација со директорот на Онкологија и дека доцнењето се должело на тендерските процедури. -Не е дека тој згрешил нешто.
Процедурите за набавка на одредени лекови траат и ако објавите пред три месеци тендер за тие лекови, мора да причекате и време на жалба и одредени процедури.
Бидејќи се работи за меѓународни тендери потребно е време. Има прекин од само неколку дена, меѓутоа јас сум за тоа и тогаш да се алармира, рече министерот за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка…
Индустриското производство е позитивно и тоа е…
„Турска серија“ во Штип: Турци ограбиле сограѓани,…
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.Т.(23),…
Од утре задолжителна зимска опрема за сите…
Од утре, 15 ноември, стапува во сила…
ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…
На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…
Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…