На осудените во „Диво насеље“ им се потребни уште најмалку 10 чекори за трансфер во Косово – Лога воздржан дали земјава ќе го дозволи тоа

t

Уште најмалку правни 10 чекори остануваат за трансфер на кумановската група осудена за настаните во Диво насеље во 2015 година, кои бараат остатокот од затворските казни да ги издржуваат во Косово.

Новиот министер за правда, Кренар Лога, денеска во изјава за медиумите рече дека го побарал досието на кумановската група и посочи дека осудените првин ќе треба ја доуредат документацијата за да можат нивните барања да бидат согласно законот.

Тој не сакаше да го соопшти неговиот став дали земјава ќе дозволи да биде извршен трансферот на групата од С Македонија во Косово.

„Не можам да зборувам предвреме без да имам став од сите чинители поврзани со ова прашање и би сакал да сум воздржан во одговорот“, изјави денеска Лога.

Членовите на кумановската група кои имаат косовски државјанства побараа трансфер на Косово, минатата година.

„Јас го побарав досието повразно со трансферот на кумановската група, најголем дел од тие барања не се според тоа што предвидува законот така да остануваат некаде 10 чекори до нивниот трансфер во Косово. Сакам да потенцирам дека и за ова прашање ќе треба да имаме согласност од двете страни и се надевам дека за овие прашања како и за други ние ќе имаме комуникација и во државата и со Косово“, рече Лога.

За настаните од Диво Насеље со затворски казни осудени се вкупно 33 лица, а ослободителни пресуди добија четири лица. Судскиот процес се водеше за кривичните дела тероризам и терористичка организација. Првично, во постапката беа опфатени 29 лица, а подоцна случајот се спои со предметот „Молња“ каде имаше уште осум лица кои се гонеа како помагачи на вооружената група.

Првостепената пресуда Основниот кривичен суд ја донесе на 2 ноември 2017, а истата во јули 2019 беше потврдена и од Апелација. Од 33 лица кои беа прогласени за виновни седум добија доживотен затвор; 13 се осудени по 40 години затвор; шестмина по 20 години; еден 18 години; двајца 14 години; двајца 13 години; двајца 12 години затвор. За пресудата одбраната се жалеше и до Врховниот суд, кој седница одржа во јули 2021 година, а одлуката со која највисокиот суд ги потврди пресудите беше објавена на почетокот на јануари 2022 година.

Од осудените, како што пренесоа дел од медиумите, минатата година, 17 имаат косовски државјанства, додека еден барал но не успеал да го добие.

Настаните во кумановско Диво насеље се случија на 9 и 10 мај 2015 година во кои загинаа осум припадници на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен

Автомобилот на министерот за национална безбедност на…

САД и испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Во супермаркети во Германија пронајдени над 100…

Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин…

ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан…

Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија…

Османи: Говорот на Вучиќ во Советот за…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја нарече…