На Пендаровски му се смачи: “Аман више, до кога Европска Унија, децава се иселија – Ако нема датум во јуни мислам дека треба да ја олабавиме работава”

t

Во декември, Македонија ќе заокружи 17 години како земја-кандидат за членство во Европската унија. Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека „ако во јуни не направиме ништо треба, ние остануваме и понатаму заинтересирани за преговори и еден ден за членство во ЕУ, меѓутоа треба дел од своите политички капацитети да ги насочиме, не кон други организации туку кон внатрешни реформи“.


„Не можеш никого да убедиш во јавноста, аман више Европска Унија до кога, оставевме више! Децава се иселија! Јас мислам дека после јуни, ако нема датум за преговори ние треба пополека да ја олабавиме таа работа. Да кажеме формално, да остануваме, меѓутоа да не се оптеретуваме“, вели Пендаровски.

Од друга страна, бугарскиот историчарот Стефан Дечев најави формирање заедничка бугарско-македонска комисија за историја во сенка, која ќе работи паралелно со постојната Комисија за историски и образовни и која би требало да го трасира патот на преговарачкиот процес меѓу Бугарија и Македонија.

„Целта е да се покаже дека е можно да се соберат луѓе од двете страни на границата и да се води искрен и плоден дијалог насочен кон сите области од животот“, вели Дечев.

Во врска со изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев, во однос на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, Дечев оцени дека шефот на бугарската држава не е тој што треба да кажува како стојат работите кога станува збор за историјата.

Извор: ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…