Објавено на:

На повидок Тpeта светcка вojна? Бeлата кyќа пpeдyпpедува дека Русија може да ја нaпaдне Украина во секој момент

t

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во вторникот изјави дека украинската криза е исклучително опасна и дека Русија може да изврши напад во секој момент, пренесува Фајнес Јаху

Највисокиот дипломат на американскиот претседател Џо Бајден, Антони Блинкен, ќе го посети Киев оваа недела, откако разговорите со Русија завршија во ќор-сокак минатата недела поради загриженоста во САД и другите западни земји дека Москва се подготвува повторно да ја нападне Украина.

Патувањето на Блинкен доаѓа по  разговорите меѓу американските и европските претставници и нивните руски колеги. По тие состаноци, администрацијата на Бајден ја обвини Русија дека подготвува „операција со лажно знаме“ што ќе ја искористи како увертира за напад на Украина. Русија негираше какви било такви подготовки, пренесува CNBS

„Сега сме во фаза кога Русија во секој момент може да изврши напад врз Украина“, рече висок функционер на Стејт департментот на конференциска врска со новинарите во вторникот.

„Претседателот Путин ја создаде оваа криза со воведување на 100.000 руски војници долж границите на Украина. Ова вклучува преместување на руските сили во Белорусија во текот на викендот. Ова не е ниту вежба ниту нормално движење на војниците. Тоа е демонстрација на сила дизајнирана да предизвика или да даде лажен изговор за криза бидејќи Русија планира можна инвазија“, додаде функционерот, кој сакаше да остане анонимен за да сподели детали за патувањето.

Прес секретарот на Белата куќа Џен Псаки во петокот рече дека разузнавачките агенции кои ги следат руските сајбер операции против Украина веруваат дека шемата на активност може да сигнализира копнена инвазија на Украина во следните 30 дена.

Новата временска рамка е последниот знак за тоа колку администрацијата на Бајден верува дека рускиот напад против Украина би можел да биде неизбежен и колку станаа итни нејзините напори да преговара за мирно решение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…