На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон
На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам.
Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.
„Настанот претставува значајна можност за продлабочување на соработката со Соединетите Американски Држави и останатите меѓународни партнери, преку поефикасна размена на безбедносни и оперативни информации и координиран пристап кон новите безбедносни предизвици.
Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите“, соопштија од Министерството.
Во рамки на состанокот, министерот Муцунски ќе ги претстави националните активности за спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам, како и напорите за натамошно унапредување на законската и институционалната рамка.
Во рамки на посетата на Вашингтон, на маргините на состанокот се очекува министерот Муцунски да оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник државен секретар за Западна и Централна Европа и Јужна Европа во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026…
Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина…
Цената на електричната енергија за домаќинствата во…
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник
На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…