На прагот сме на граѓанска војна, предупреди Словачкиот министер за внатрешни работи по атентатот врз премиерот Фицо

t

Словачкиот премиер Роберт Фицо е во стабилна, но сериозна состојба откако вчера беше застрелан неколкупати, објавија лекарите од болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран. Словачкиот вицепремиер Томаш Тараба синоќа кажа дека Фицо веќе не е во животна опасност.

„Во текот на ноќта лекарите успеаја да ја стабилизираат состојбата на премиерот. За жал, таа и натаму е многу сериозна, зашто повредите се сложени“, рече министерот за одбрана Роберт Калиник.

Властите го опишаа обидот за атентат како политички мотивиран и ги обвинија медиумите и социјалните мрежи за ширење на говор на омраза.

„Сакам да ги повикам јавноста, новинарите и политичарите да престанат да шират омраза и поделби. На прагот сме на граѓанска војна. Емоциите се природно високи, но би било многу лошо да се разгори оваа и онака опасна ситуација“, изјави министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток.

Фицо, кој претходно беше премиер во три наврати, се врати на власт по изборите во септември откако водеше кампања во која изразуваше проруски ставови и ветуваше дека Словачка веќе нема да праќа воена помош во Украина.

Фицо имал само 25 години кога комунистите ја изгубија власта во тогашната Чехословачка. Тој само што ги завршил студиите по право и станал член на Комунистичката партија кога се распаднал целиот поредок за кој бил обучуван. Млад и талентиран, Фицо се придружил на партијата која ги наследи комунистите и бил избран за пратеник во 1992.

Откако најголем дел од 1990-тите ги поминал во Стразбур работејќи во Европскиот суд за човекови права, Фицо во 1999 формирал партија која ќе доминира во словачката политика во следните децении. Смер-СД, која произлезе од авторитарната партија Движење за демократска Словачка, финансирана од олигарси, освои само 13,5% гласови на изборите во 2002. Ова порасна на 29% четири години подоцна, кога Фицо ја формираше својата прва влада.

Фицо беше во својот трет премиерски мандат во 2018 кога Словачка ја потресе убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница. Две недели подоцна, Фицо поднесе оставка, а Смер доживеа тежок пораз на изборите во 2020. Откако ја изгубија власта, Фицо и неговите политички сојузници се најдоа под истрага за корупција и злоупотреба на власта. Фицо дури беше уапсен во април 2022, но обвинувањата против него потоа беа отфрлени.

И покрај сѐ, Фицо лани се врати на власт и почна да спроведува мерки што не му се допаднаа на Брисел, како смена на раководството на елитната полициска единица, отфрлање на независните медиуми, донесување нов кривичен законик за да се олеснат казните за корупција и закани дека невладините организации со странско финансирање ќе бидат означени како странски агенти, по примерот на Русија и Грузија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…