На Рамиз Мерко ќе му се суди во судот во Струга

t

На струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, за набавката на луксузниот мерцедесот, сепак ќе му се суди во судот во Струга, информираа денеска од Кривичниот суд. Од најголемиот скопски суд појануваат дека не се надлежни за овој предмет.

-Специјализираното одделение за организиран криминал и корупција ( КОК ) при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по обвинителниот предлог со КО бр. 27/24 против обвинетиот Р.М. од Струга за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.4 вв со ст.1, донесе решение со кое се огласува за стварно ненадлежно и предметот, по правосилноста на решението, ќе биде доставен на надлежно постапување во Основниот суд Струга.
Согласно чл. 32 од Законот за судови, Специјализираното одделение ( КОК ) е надлежно за Кривичните дела: Злоупотреба на службена положба од чл. 353 ст.5, Примање поткуп од значителна вредност од чл. 357 и Противзаконито посредување од чл. 359 од КЗ, извршени од избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во правно лице, појаснуваат од Кривичен.

Од судот појаснуваат дека не се надлежни за овој предмет поради неодамнешните измени на Кривичниот законик.

-Имајќи го предвид наведениот член од Законот за судови, последните измени на Кривичниот законик објавен во СЛ. Весник бр. 188 од 07.09.2023 год., како и правната квалификација од обвинителниот предлог, односно ст. 4, судот утврди дека Спелцијализираното одделение за оргнизиран криминал и корупција не е надлежно за судење на кривични дела од чл. 353 ст.4 вв со ст. 1 како што Јавниот обвинител го поднел обвинителниот предлог, туку цитираните одредби од Законот за судови се однесуваат само на делото пропишано во став 5 од овој член.

Со оглед на сето тоа стварната надлежност да постапува е судот со основна надлежност на чие подрачје е извршено кривичното дело.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје, велат од Кривичен.

Инаку, пред неколку години предистрага, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција неодамна поднесе обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузното „ауди“ вредно околу 67 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…

ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…

САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…

Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…

„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…

Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…

СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…

Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…