На рочиштето за „Пулс“ презентирани видеа со времето на пристигнување на полицајците пред дискотеката и на активација на пиротехниката
Со изведување на материјални докази од Обвинителството, пред судот беа изведени снимки, од кои се нотира времето на пристигнување на полициските службеници пред дискотеката „Пулс“ и активацијата на пиротехниката.
Продолжи судскиот процес во кој се обвинети 13 полициски службеници кои постапувале критичната вечер минатата година. Обвинетите се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Се изведе и анализа на комуникација доставена од мобилните оператори.
Спасенка Андонова-обвинителка од ОЈОГОКК
„Денеска повеќе фокусот, освен на снимките, повеќе беше ставен и на изведување на доказите кои се однесуваат на конкретните-смртните последици кај поголем дел од лицата. Видот и карактерот на повредите кај исто така поголем број на лица со тешки телесни, телесни повреди. Се продолжи со видео снимките. Одиме со одредена динамика, којашто во крајна линија си ја наметнуваат и присуството на сведоците.“
Одбраната реагираше дека од видеата не може точно да се утврди времето на влез на полициските службеници во дискотеката и моментот на активирање на пиротехниката. Обвинетата Марија Маневска, вд началник на ОВР Кочани, изрази сочувство до семејствата на жртвите. За доказите од Обвинителството, за комуникацијата од мобилните телефони изјави дека тие докази укажуваат на невиноста на полициските службеници.
Марија Маневска-обвинета
„МВР беше единствена институција која во рамките на своите надлежности и овластувања, постапуваше во „Пулс“. Целта на акциската контрола, беше откривање на недозволено присуство на малолетници, точење на алкохол на малолетници, откривање на психотропни супстанци, како и откривање и докумемнтирање на други кривични дела и прекршоци коис е во надлежност на МВР.“
Денеска беше изведен и писмен извештај од Институтот за судска медицина за извршена обдукција на жртвите во пожарот. Истиот извештај веќе беше презентиран на главниот предмет за пожарот што се води во судницата во КПУ Идризово. Таму е наведено дека смртта на жртвите е насилна и во најголем дел настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид.
Судскиот процес го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапничка на обвинението е Спасенка Андонова од ОЈОГОКК. Судењето продолжува на 8 јули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На рочиштето за „Пулс“ презентирани видеа со…
Со изведување на материјални докази од Обвинителството,…
Рокас: Германско-францускиот нон-пејпер е обид за забрзување…
Евроамбасадорот Михалис Рокас смета дека сè уште…
Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека…
Украина и Молдавија добија статус на кандидат…
(Видео) Мицкоски задоволен од средбите со Макрон…
Во рамки на Самитот Европска Унија –…
МОН воведе четбот за користење на електронскиот…
Од Министерството објаснуваат дека ова унапредување на…