На Русковска и нуделе функција да прекине предмет и истите ѝ вршеле притисок
Истите личности кои ми нудеа да бидам заменик-државен обвинител за да се прекине истрага за предмет, се оние кои се обидуваа да ми вршат притисок додека го водев Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција – вели во интервју за А1.он обвинителката Вилма Русковска.
Таа не открива кој ѝ дал таква понуда, но рече дека тоа го кажала пред членовите на Судски совет, кој расправаше за нејзината суспензија и разрешување.
Според неа, предметите кои пресудиле да биде суспендирана, се оние кои ги отворила против функционери од актуелната власт. Русковска очекува дека Советот на јавни обвинители ќе ја разреши од обвинителската функција.
Обвинителката повтори и дека нема никаква поврзаност помеѓу Работната група која подготвуваше нов Кривичен законик и измените кои Собранието ги донесе по итна постапка и со европско знаменце.
Злоупотребата воопшто не е во надлежност на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бидејќи ние бевме надлежни само за став 5. Фактички, треба и од името да се избрише Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, бидејќи веќе немаме можност да се бориме со корупцијата. Обвинителството ќе се сведе на предмети за дрога, мигранти, знаеме колку годишно имаме предмети за перење пари и други приноси од казниво дело. Се одземаат ингеренциите на ова Обвинителство – вели Русковска за А1он.
Таа вели дека нема аспирации да се кандидира за државен обвинител, на местото на актуелниот Љубомир Јовески мандатот му истекува во декември годинава.
Дисциплинската постапка против Рускоска почна откако таа дојде во судир со Финансиската полиција и нејзиниот поранешен директор Арафат Муареми. По неколку забелешки од Русковска, како обвинителка во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дека е незадоволна од работата на Управата за финансиска полиција, таа испрати екипа која правеше претрес во канцелариите на УФП, посочувајќи дека наредбата е дадена по пријава од група граѓани против директорот Муареми.
Инфомакс претходно пишуваше за аферата со Арафат Муареми по што обвинителството под капата на Русковска покрена истрага, дали за оваа истрага да биде запрена на Русковска ѝ нуделе функција?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски почна да ја сузбива корупцијата за…
Украинскиот претседател Владимир Зеленски го одобри новиот…
Вашингтон Пост: Украинците не сакаат да се…
Потенцијалните регрути често повеќе би сакале да…
Агелер: Ќе следуваат повеќе санкционирани, но факт…
Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски…
Министрите од регионот потпишаа изјава за борба…
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија,…
На Русковска и нуделе функција да прекине…
Истите личности кои ми нудеа да бидам…