На Саемот „Отворен Балкан“ во Белград 42 македонски визби со 300 различни вина

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека на претстојниот Саем за вино и храна „Отворен Балкан“ што ќе се одржи од 1 до 4 септември во Белград, ќе учествуваат 42 македонски визби и три дестилерии, а претставени ќе бидат 300 различни вина.

– Учеството на овој Саем за домашната економија значи поголем извоз, откуп и обезбедување нови пазари за македонското вино. На манифестацијата чии кооорганизатори и кодомаќини сме и ние, ќе има купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот, рече премиерот.

Според него, Саемот ќе биде можност да се поврзат винските патишта на Балканот, да се соберат најдобрите винарии и да се поразговара за развој на потенцијалот на винската индустрија, како и за можноста за учество на светските пазари. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…

Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…

Цените на нафтата пораснаа за околу два…

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…