На Светскиот ден на Црвениот крст Арсовска ја потпиша Платформата за хуманитарна помош
На Светскиот ден на Црвениот крст се креира Платформа за унапредување на
соработката помеѓу Црвен крст на град Скопје и Градот Скопје во делот на
подготвеност и одговор во случај на катастофи, која денес ја промовираа
градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и Сузана Тунева Пауновска,
секретар на Црвениот крст на град Скопје.
-Проактивноста во делувањето на Црвениот крст е од исклучителна важност за
бројни категории на граѓани за чија добробит делуваат волонтерите на Црвен крст,
преку илјадници акции и активности во текот на целата година, вклучително и оние
за најранливите групи на граѓани, за кои оваа грижа придонесува за позитивна
промена во нивниот живот, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска
по потпишувањето на Платформата.
Арсовска истакна дека соработката со Црвениот крст треба да се унапредува, па
затоа токму на овој ден кога се одбележува важноста на организацијата, се креира
Платформа за унапредување на соработката помеѓу Црвен крст на Град Скопје и
Градот Скопје во делот на подготвеност и одговор во случај на катастрофи.
-Оваа платформа ги активира ресурсите за делување за помош на граѓаните во
случај на катастрофи. Ќе се формираат оперативно функционални мобилни тимови
кои ќе бидат во служба на граѓаните, при потреба од евакуирање, медицинска
поддршка и транспорт на лица, како и обезбедување и дистрибуција на
хуманитарна помош.
Соработката со Црвениот крст за нас е од голема важност
бидејќи со зголемување на активностите се обезбедува помош онаму каде што е
најпотребна, а преку почитување на основните принципи на Црвениот крст ја
мобилизираме вистинската моќ на хуманоста, додаде градоначалничката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…