На секој чекор во Скопје има дрога: Приведени 4 лица во центарот на Скопје
На подрачјето на Центар, во периодот 02/03.06.2022 полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода четири лица бидејќи кај нив била пронајдена дрога.
На 02.06.2022 во 19.15 часот бил лишен од слобода Г.Л.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Како што соопштија денеска од МВР, рано утрово во 00.10 часот бил лишен од слобода С.Ѓ.(28) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а во 00.15 часот лишен од слобода бил С.П.(20) од Скопје, кај кого била пронајдена марихуана. Малку подоцна, во 01.20 часот на истото подрачје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Г.П.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела тврда материја.
Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…