На Табановце запленети „Ролекс“ и „Омега“ часовници вредни 38.000 евра

t

Царинските службеници на граничниот премин Табановце – Прешево спречија обид за криумчарење на три луксузни рачни часовници во вредност од 2,34 милиони денари (околу 38 илјади евра).

Како што соопшти Царинската управа, осомничениот е српски државјанин, кој во својот ранец се обидел да внесе два „Ролекс“ и еден „Омега“ часовник, скриени во мала кожна кутија заедно со други предмети за лична употреба.

Часовниците, „Rolex Submariner“, „Rolex Sky-Dweller“ и „Omega Speedmaster“, биле откриени при детален преглед на возилото и патниците со српски регистарски таблички.

Против лицето е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, а запленетите предмети се предадени на Основното јавно обвинителство во Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…