На три локации во Скопје пронајдени тројца починати, телата се предадени на обдукција
Веста дека во Скопје, во еден ден, се пронајдени три тела на починати мажи ја вознемири јавноста.
Во 08.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кучково,скопско под патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково,скопско.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, соопшти МВР.
Попладнето, пак, во СВР Скопје е пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција, соопшти МВР.
Вечерта во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат Б.О.(69).
Како што соопштува МВР, од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…