На убијците им се заканува доживотен затвор, вели Бубевски за српски медиуми

t

Обвинителот Гаврил Бубевски утрово за српските медиуми изјавил дека на осомничените за убиството на тинејџерката Вања и фризерот Панче Жежовски им се заканува казна затвор од десет години, но и доживотна казна. Според него, денеска се очекува првата кривична пријава против осомничените.

„Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓу кои е и таткото на Вања. Тројца ја признаа вината, а четвртиот за кој имаме докази дека е вмешан, ништо не призна. Активна е меѓународната потера по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти. Ги дал сите информации за движењата на девојката, кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на девојчето е поврзано со личен интерес, така рекле осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, рекол Бубевски за српска „Нова“.

Според него, киднаперите се исплашиле дека полицијата ќе им го открие планот, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде известена за откупот.

„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, очекувам да видиме што ќе се поклопи за да ја имаме целата приказна. Мислам дека пријавата само ќе се совпадне со приказната на осомничените“, вели шефот на Скопското јавно обвинителство.

„Ваков случај досега немало и тоа му дава дополнителна тежина“, заклучува Бубевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

Милановиќ под лупа на институциите, медиумите не…

Државната изборна комисија  на Хрватска соопшти дека…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…

Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…