На Украина ѝ се ветени уште пет милијарди долари за да се бори со Русија?
На состаноците во Вашингтон оваа недела, на Украина ѝ беа ветени уште пет милијарди долари за поддршка на борбата против Русија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.
Тој прецизираше дека Украина добила нови ветувања за дополнителна поддршка од Швајцарија, Данска и низа други земји, како и постигнала договор со американскиот производител на авиони Боинг, со кој украинските компании се ослободиле од долг од 200 милиони долари, пренесува Танјуг.
Во Вашингтон, Шмихал се сретна со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Европската инвестициска банка (ЕИБ), како и со највисоките американски претставници, пренесува Ројтерс.
Средбите, кои тој ги опиша како „плодни“, се одржани на маргините на пролетната сесија на ММФ и Светска банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…