Објавено на:

На улица убиена градоначалничката на мексиканскиот град Котиха

t

Непознати напаѓачи ја убиле градоначалничката на Котиха, град во западниот дел на Мексико, Јоланда Санчез Фигуероа, соопштија утрово регионалните власти.

Владата на државата Мичоакан го осуди убиството на претседателката на општина Котиха.

Потрагата по одговорните за убиството е во тек.

Локалните медиуми јавија дека напаѓачите биле вооружени цивили во комбе и оти нападот се случил на улица.

Во септември минатата година, Санчез Фигуероа беше жртва на киднапирање недалеку од Гвадалахара.

Убиството се случува 24 часа откако за првпат во историјата на земјата жена беше избрана за претседателка на Мексико. Клаудија Шајнбаум Пардо, кандидатка на левичарската партија Морена на изборите минатиот викенд освои речиси 60 отсто од гласовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

(Видео) Две лица загинаа, а 15 се…

Две лица загинаа, а 15 се повредени…

На улица убиена градоначалничката на мексиканскиот град…

Непознати напаѓачи ја убиле градоначалничката на Котиха,…

За првпат Мексико избра жена претседател

Кандидатката на владејачката партија во Мексико, Клаудија…

Најкрвавите избори во модерната историја на Мексико:…

Изборите во Мексико, кои ќе се одржат…