На хируршките клиники се одложуваат операциите кои не се итни поради дефект на системот за климатизација
Елективни и операции кои не се итни се одложуваат на скопските хируршки клники, пради дефект на системот за климатизација.
Од Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар за „Локално“ изјавија дека системот за климатизација на оперативниот блок е во дефект, и дека поради тоа биле принудени да ги одложат елективните и операциите кои не се итни.
-Ургентниот центар работи најнормално, бидејќи системот за разладување не е поврзан со оној во оперативниот бок, изјавија од Клиниката ТОАРИЛУЦ.
Од хируршките клиники велат дека дефектот настанал денес и дека веќе се работи на негово отсранување, и се надеваат дека уште во екот на утрешниот ден ќе може да продолжат и со операциите кои не се елективни.
Од Министерството за здравство велат дека Службата за заеднички работи по добиената информација за дефект на системот за климатизација веднаш го контактирала сервисерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања…
Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во…
На кого Мицкоски му „набаци“ милионски бизнис…
Со јавно-приватно партнерство ќе се градат монтажни…
Британец починал на Клиника, бил донесен во…
Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…
Познат кардиохирург го нападнал директорот и медицинска…
МВР информира дека денеска околу 10.00 часот…
Отворање на Центар за фетална медицина во…
На ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и…