Објавено на:

На Царина запленет фреон во боци што се штетни за здравјето на луѓето и животната средина

t

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречија недозволено внесување на фреон во боци за еднократна употреба, што се забранети за увоз.

Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г., соопшти Царинската упраца.

При царинска контрола на возилото биле пронајдени 1150 боци со неколку типа на фреон со вкупна тежина од над 13,5 тони. Прометот на средства за ладење во цилиндри за еднократна употреба е забранет заради заштита на животот и здравјето на луѓето и на животната средина, како и заради елиминирање на истекувањата на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка.

Стоката е привремено задржана, а за едно физичко и едно правно лице се поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство, за кривично дело Недозволена трговија, казниво според Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Уплати 10.000 денари, бара син ти во…

Жена од Гостивар била измамена од непознат…

Таткото на Меган Маркл е пуштен во…

Томас Маркл постариот синоќа се појави пред…

Поранешниот претседател на МАНУ Коцарев вели дека…

Претседателството на Македонската академија на науките и…

„Максим е патриот на батерии од Кина“…

Алијансата на Албанците реагира на најавите на…

Пукано во автомобил во движење на патот…

На 06.11.2026 околу 22:40 часот, Е.Ј.(28) од…