На Шолц му пукна филмот: Путин, нема да победиш!

t

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите воени цели во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во своето обраќање пред Бундестагот, Шолц рече дека Украина успешно ќе се брани и дека Германија ќе ја поддржува со оружје, финансиски и на сите други начини, се додека тоа е потребно.

„Путин веруваше дека може да ги обедини Европејците, но го постигна спротивното“, рече Шолц.

Тој истакна дека Путин ја користи енергијата и гладот ​​како оружје и дека тоа не му помогнало во борбата против единството на Европа. Солц, говорејќи за енергетската криза, рече дека цената на енергетските производи е превисока и дека мора да има намалување. Тој рече дека на Самитот на ЕУ ќе се разговара за тоа како да се намалат цените на струјата, гасот, нафтата и парното. Еден од инструментите за намалување на тие цени е, како што посочува, „кочницата“ за цената на струјата, донесена од германската влада, која е на линија на европскиот пат.

Кога станува збор за гасот, тој посочи дека ќе биде нешто потешко, бидејќи предлогот на Европската комисија за воведување максимална цена носи ризик производителите на гас да можат да продаваат гас на други, а не на ЕУ по повисока цена. Затоа, посочува, важно е ЕУ да се договори со другите големи потрошувачи на гас како Јапонија и Кореја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…