На 13. јули ќе се гласа за реконструираната Влада
Владата на Христијан Мицкоски ќе се комплетира на 13. јули. Предлозите за разрешување и избор на нови членови на Владата пристигнаа во Собранието, информираат од собраниската прес-служба.
На дневен ред на 112. седница има три точки: Предлог за разрешување членови на Владата, Предлог за разрешување заменик-министри и Предлог за избор на нови членови на Владата.
Прво ќе се гласа за разрешување на осумте актуелни министри и двајцата заменик-министри опфатени со реконструкцијата на Владата, а потоа ќе се дебатира и гласа за предложените осум нови министри.
Според Деловникот, премиерот ќе го образложи предлогот за новиот состав.
Игор Филков од ЗНАМ ја напушта функцијата министер за правда, а на негово место е предложен Јетон Шасивари од ВРЕДИ.
За министер за односи меѓу заедниците, наместо Иван Стоилковиќ, е предложен Агон Ферати, а Стоилковиќ го презема Министерството за локална самоуправа, на местото на Златко Перински, кој на владина седница треба да биде назначен за директор на Фондот за здравство.
За министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, наместо Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, е предложен Борче Серафимовски од ЗНАМ.
За министер за здравство, наместо Азир Алиу, е предложен Сашо Клековски, кој две години раководеше со Фондот за здравство.
Досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски со реконструкцијата оди скала погоре и е предложен за министер за социјална политика, демографија и млади, на местото на Фатмир Лимани.
За министер за култура и туризам, наместо Зоран Љутков, е предложен досегашниот заменик-министер Седат Сулејмани.
За министер без ресор, на местото на Шабан Салиу, е предложен Ерџан Демир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…
Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…
Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…
Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…
Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…
Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…
МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…