Небиу тврди дека го нападнал близок роднина на Таравари со закани дека ќе биде убиен
Кои сте вие да продавате туѓи имоти. Кои сте вие што зборувате против ВМРО-ДПМНЕ. Со овие зборови, како што вели директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу, кој доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците (АА), во изјава за Сител ТВ, бил вербално нападнат синоќа во ресторан во Тетово.
„Со пцуење ми се обрати, а ми рече и дека ќе бидам убиен. Ми се дереше“, вели Небиу.
Нападот се случил непосредно по вчерашната прес-конференција на претседателот на Централното собрание на партијата, Зијадин Села.
Според Небиу, напаѓачот не бил член на партијата Алијанса за Албанците, но како што вели, има сознанија дека бил близок роднина со Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар и претседател на партијата Алијанса за Албанците.
По вчерашниот инцидент, Дритон Небиу објави фотографија на својот фејсбук-профил на која е фотографиран заедно со десетина други лица, најверојатно сопартијци. Под фотографијата кусо е напишано:
„Можеш да ме убиеш, но не и да ме исплашиш!“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…