Неверојатната судбина на жената од најпознатата фотографија! На 13 години се прослави, но живеела во целосна сиромаштија
Кога Стив МекКари ја фотографирал Шарбат Гула, таа имала само 13 години. Завршила на насловната страница на National Geographic, а не ни знаела дека е позната.
Во 1985 година, Стив МекКари фотографирал тогаш 13-годишно девојче Шарбат Гула, а фотографијата станала светски позната. Сепак, за жал, судбината на самата „авганистанска девојка“ била многу тешка.
Во моментот кога е направена познатата фотографија, Стив работел на приказна за авганистанската бегалска криза, а поради брзината на се што се случувало не успеал ни да го дознае нејзиното име. Дури откако фотографијата била објавена на насловната страница на National Geographic е откриен нејзиниот идентитет.

Како што подоцна било утврдено, МекКари немал дозвола да ја фотографира, што е спротивно на паштунската култура, каде жените не треба да ги покажуваат своите лица на мажите надвор од семејството.
Многумина веруваат дека Шарбат е експлоатирана. МекКари стана светски познат, а таа живеела во сиромаштија. Откако го напуштила училиштето, се омажила за пекар кога имала 13 години. Таа со семејството побегнала од Авганистан и родила четири ќерки и еден син, но за жал една од ќерките починала.
МекКари ја пронашол во 2002 година и повторно ја фотографирал, како што рекла, не ни знаела дека во меѓувреме станала позната.
– Ме прослави, но ме доведе и до затворање. По сите овие проблеми, би сакала да основам невладина организација, која на луѓето ќе им нуди бесплатно лекување. Пред ова бев селанка. Не ми се допадна мојата фотографија да излезе во медиумите. Сега сум многу среќна што ме почестија и тоа ме прослави меѓу луѓето. Исходот од фотографијата им помогна на многу вдовици и сирачиња. Сега сум горда на тоа – вели Шарбат.
National Geographic тогаш ги покри медицинските трошоци за нејзиното семејство и аџилакот во Мека.
Сопругот на Шарбат починал од хепатитис Ц. Во 2016 година, пакистанската Федерална истражна агенција ја уапси Шарбат бидејќи живеела во Пакистан со фалсификувани документи. Осудена е на 15 дена затвор, парична казна и депортирана во Авганистан.
Поранешните претседатели Ашраф Гани и Хамид Карзаи за возврат ја дочекаа неа и нејзините деца во Кабул. Владата вети дека ќе и обезбеди финансиска поддршка. Во декември 2017 година добила куќа од 280 квадратни метри и месечна стипендија од 700 долари за живот и медицински трошоци.
Кога Пакистанците сфатиле дека целиот случај ќе им го наруши угледот, и понудиле сепак да остане, но таа одбила. Таа изјавила дека на ќе доаѓа во Пакистан само за да ги посети гробовите на нејзиниот сопруг и ќерката и да се помоли.
Откако талибанците го презедоа Кабул во 2021 година, тие се заканија на Шарбат и на други познати жени. На крајот на истата година, таа доби статус на бегалец во Италија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Европски избори“: Во Бугарија пријавени 193 изборни…
До 11 часот денеска, во структурите на…
Излезеноста во Србија до 11 часот е…
Според процената на ИПСОС и ЦеСИД, врз…
ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО СРБИЈА:…
Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД)…
Стритинг: Велика Британија мора да биде подготвена…
Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…