Невидена бура во Италија, затворени парковите а од невремето настрада човек!
Едно лице загина во бурите што ја погодија северна Италија по продолжениот топлотен бран, објавија денес италијанските медиуми.
Четириесетгодишен маж загина откако неговиот автомобил беше однесен од надојдената река Криса во Леонфорте во вторник, а неговото тело беше пронајдено денес, објави агенцијата Анса.
Според натписите спасувачките служби спасија две лица од надојдената река.
Во меѓувреме, бурите се влошија во северна Италија, при што јавните паркови во Милано беа затворени поради обилни дождови. Во Милано, голема гранка што се скрши од дрво во паркот Семпионе во Милано удри во комбе со словенечки регистарски таблички, но возачот и двајца патници не беа повредени.
Парковите и јавните градини во Бергамо беа исто така затворени поради бурите. Нивото на реката Ламбро се следи континуирано, а портокалово временско предупредување е издадено за регионите Емилија Ромања, Лигурија и Ломбардија, додека жолто предупредување е на сила за Пиемонт, Венето, Тоскана, како и делови од регионите Фриули Венеција Џулија и Марке, соопшти агенцијата.
Крајбрежните области околу Пиза денес претрпеа штети од поплавите, додека делови од Арецо исто така беа поплавени, што предизвика прекини во сообраќајот.
Во јужна Италија, бура беше регистрирана и во Сардинија, која предизвика две сообраќајни несреќи во кои неколку лица беа повредени и хоспитализирани.
Град падна во некои области на Сардинија, а штетите предизвикани од бурата се проценуваат и во областа на Каљари, особено на фармите, лозјата и маслиновите насади.
Во меѓувреме, централна и делови од јужна Италија сè уште доживуваат високи температури.
Според метеорологот Лоренцо Тедичи, температурите ќе паднат за околу 10 степени Целзиусови во поголемиот дел од земјата во наредните денови, особено на север, при што живата ќе се спушти од 40 на 25 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невидена бура во Италија, затворени парковите а…
Едно лице загина во бурите што ја…
Гори на југот на Италија: Пожар го…
Гори југот на Италија, пожарникари од цела…
Пет смртни случаи од горештините во Италија
Пет смртни случаи се пријавени во Италија,…
Италија воведе ново кривично дело „фемицид“ –…
Италијанскиот Сенат едногласно усвои закон со кој…
Италија ќе издаде 500.000 нови работни визи…
Италија ќе издаде околу 500.000 нови работни…