Објавено на:

Невообичаени прашања и одговори понудени на пописот во Косово: Дали имате биде и дали сте маж/жена со круна?

t

Во Косово и Метохија по втор пат по војната во 1999 година започна пописот на населението. Очигледно Србите ќе го бојкотираат и покрај најавените казни. Пописот на населението сè уште не е ни започнат како што треба, а одговорите што им беа понудени на граѓаните предизвикаа низа реакции.

Милица Андриќ Ракиќ од невладината „Нова социјална иницијатива“ од Косовска Митровица на мрежата Х објави неколку пописни ливчиња со, во најмала рака, интересни прашања.

Така, попишувачите во Косово ќе ги прашуваат граѓаните за нивниот брачен статус, а дел од понудените одговори се „Разведени, но легално во брак“.

Еден од можните одговори е „Никогаш во брак“.

Кога станува збор за семејниот статус, одговорите се уште почудни, опциите се „Машко/Жена со круна“ или „Машко/Жена без круна“. Веројатно тука се мисли на прстенот.

За статистиката е важно и дали има тоалет со биде во станбените заедници, па на граѓаните им остануваат голем број опции по ова прашање: Тоалет со биде во станбена единица, тоалет со биде надвор од станбената единица, но внатре во зграда, тоалет со биде надвор од зграда и без тоалет со биде.

Ако мислевте дека ова е крајот – не е. Во делот „семеен статус“ може да се наведе дека сте „личност која не припаѓа на ниту едно семејство“.

Почетокот на пописот во Косово го одбележаа проблеми, пред се во српските средини. Во Зубин Поток, според градоначалникот на Измир Зеќири, најголемиот дел од српските попишувачи се повлекле.

За оние кои нема да се јават на пописот, законски предвидената казна е глоба до 2.000 евра по жител.

Инаку, ова е втор попис на населението во Косово од 1999 година, по оној во 2011 година, кој речиси целосно го бојкотираа Србите и од север и од југ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски се премисли: Сменет командант на украинската…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпуштил еден од…

Шојгу бара повеќе оружје за војната во…

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу…

Колони возила на Богородица се чека и…

Според информациите на граничниот премин Богородица за…

Апасиев: Македонска платформа за да запрат уценувањата…

Левица нуди македонска платформа, со која конечно…