Невработеноста во Германија во декември се зголеми на 5,9 отсто
Невработеноста во Германија во декември се зголеми на 5,9 отсто од оние 5,8 отсто во ноември и сега е највисока од мај 2021 година. Ова го објави германската Федерална канцеларија за труд со седиште во Нирнберг.
Бројот на невработени се зголеми 11-ти месец по ред, овој пат за 5.000, на вкупно 2,706 милиони, се наведува на веб-страницата на организацијата.
Пазарите очекуваа бројот на невработени во Германија да се зголеми за дури 20.000 во декември.
На годишно ниво, бројот на невработени во Германија се зголемил за вкупно 186.000.
Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртенберг.
„Пазарот на трудот продолжува добро да се држи со оглед на нивото на обемот на работа и несигурноста“, коментира претседателката на Федералната канцеларија за труд, Андреа Налес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бака ја прифати номинацијата за претседател на…
Андраш Бака (73) ја прифати номинацијата на…
Зеленски: Пристигнуваат до 50.000 војници од Северна…
„Севернокорејците се појавуваат на територијата на Руската…
Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…
Германија се соочува со хибридни напади од…
Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…
Полската економија станува се позначајна во Европската…
(Видео) Околу 700 велосипедисти без облека возеа…
Околу 700 велосипедисти учествуваа на првото издание…