Невремето направи пустош низ Македонија

t

Синоќа, Македонија беше зафатена од силно невреме во кое најмногу беа погодени градовите Тетово и Виница, информираа од Центарот за справување со кризи. Силното невреме предизвика поплави во овие градови, а граѓаните уште од рано утрово, веќе ги пријавуваат настанатите штети. Од обилните врнежи, засега, пријавено е поплавување на гаражи, подруми и куќи.

Покрај пријавеното поплавување, во Тетово се излеала и канализацијата од неколку шахти. Таму, во моментов на терен интервенираат ТППЕ Тетово, а патот кон с.Фалише, кај надвознико,т е поплавен и е во прекин за движење. Исто така, од поплавата затворен е и патот што води од стадион до Касарна, а поплавени се и улицете 141, Фуштанска, Илинденска, 114, Мирче Ацев, 121.

Кризниот штаб е веќе активиран, а вработени од ЈКП Тетово се моментално на терен со 2 багери и интервенираат на каналот што поминува низ с.Мала Речица.

Од Центарот за кризи информираа исто така, дека Поројска река е во ризик за излевање на водата, па затоа од страна на општина Тетово е испратено багер за да не дојде до блокирање на патот Тетово-Јажинце.

Покрај ова, Центарот за управување со кризи соопшти дека по обилните врнежи од дожд во Виница како поплавени, засега, се пријавени 30 до 40 објекти. На терен интервенираат од ЈКП „Солидарност“ Виница со една пумпа и двајца вработени, ТППЕ Виница со две пумпи и четворица пожарникари и од ТППЕ Кочани со три пумпи и шест пожарникари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…