НЕВРЕМЕТО СЕ ПРИБЛИЖУВА:Обилни дождови и ветер во попладневните и вечерните часови, еве какво ќе биде следните денови

t

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Се очекува невредме да ја зафати нашата земја денеска, кое особено ќе дојде до израз во попладневните и вечерните часови.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде променливо облачно. Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје исто така се најавува променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен.

УХМР информира дека повремено пороен дожд и грмежи ќе има преку ноќта кон понеделник и в понеделник. Повеќе врнежи во следниве два дена ќе има во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен.

Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Дневната температура во однос на денешната ќе биде пониска претежно за 6 до 8 степени.

Во следните три дена минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната од 22 до 29 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…