Објавено на:

Невреме го зафати и Тетово – силниот ветер бутна дрво врз паркирани возила

t

Силниот ветер што попладнево неколку часа дуваше во Тетово скрши дрво кое падна врз неколку возила на булеварот „Благоја Тоска“ во близина на поранешната стоковна куќа „Тетовчанка“. Дрвото е паднато врз паркирани автомобили, а според првичните информации нема повредени луѓе.

–По дојава во нашата служба, веднаш излеговме на терен каде утврдивме дека силниот ветар соборил дрво кое паднало врз два автомобила. За среќа, во тој момент немало никого во близината па нема повредени лица, туку е направена само материјална штета. Нашата екипа заедно со екипата на ЈКП Тетово веднаш се зафативме со отстранување на паднатото дрво за да се овозможи непречено минување на возилата по улицата, изјави Авни Амети, командир на Противпожарната единица од Тетово.

Додека траеше интервенцијата за сечење и отстранување на паднатото дрво, полицијата го пренасочуваше сообраќајот на булеварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…