Невреме предизвикува хаос низ Грција, 2 загинати и повеќе повредени
Невремето Бора, кое ја зафати Грција и однесе животи на двајца мажи на островот Лемнос, го погоди и Родос, поради што властите го забранија сообраќајот бидејќи делови од патната мрежа на островот беа тешко оштетени.
На островот непрекинато врнело повеќе од 16 часа, што резултирало со повеќе од 300 литри на метар квадратен врнежи.
Градоначалникот на Родос Александрос Колиадис ги повика жителите заради безбедност да останат во своите домови, пишува порталот Екатимерини.
– Ситуацијата на островот е поразителна и длабоко шокантна. Жителите на Родос се потресени од она што се случи во саботата – изјави регионалниот гувернер Јоргос Хацимаркос.
Пријавени се неколку случаи во кои и спасувачите морале да бидат спасени додека се обидувале да евакуираат цивили, бидејќи тие работеле во исклучително опасни услови.
Другите штети пријавени во Родос вклучуваат урнати мостови, лизгање на земјиштето и голема штета на приватен имот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…
Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…
Дијалогот што во моментов се води околу…
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…
Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…