Недановски: Противникот градеше тим за ЛШ, ама во Битола одиме да победиме!

t

Во пресрет на гостувањето во Битола, своите очекувања ни ги сподели тренерот на вардарци, Владо Недановски.

„Пред сè очекувам големо дерби меѓу двете екипи кои се најголеми ривали во Македонија. Ќе биде празник за ракометот, играме против најдобро конструираната екипа оваа година во првенството. Да не заборавиме дека Еурофарм Пелистер направи тим за Лигата на шампионите. Фаворитската улога би им ја препуштиле ним, ќе играат пред својата публика, пред своите „Чкембари“. Сепак, ние не одиме предадени, ќе се бориме и се надеваме на поволен резултат. Станува збор за квалитетен ривал како што е Еурофарм Пелистер. Јас не би кажал дека со сигурност ќе победиме, но ќе се обидеме, па исходот ќе видиме каков ќе биде“, ни кажа Недановски пред дербито против пелистерци.

Во главната фаза на сезоната со по три бода почнуваат Вардар и Алкалоид, додека Еурофарм Пелистер и Охрид влегоа со по два, Тиквеш и Бутел со по еден, а Пролет и Струга без бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра…

Европската унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони…

Радев ја брани Русија: Дали Европа не…

Бугарија соодветно реагирала на случајот со дронот…

Volkswagen ќе укине 100.000 работни места –…

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen ќе укине дополнителни…

Два авиона за малку ќе се судреа…

Пет од десетте контролори на летање кои…

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…