Недвижностите поскапеле за 21,2 отсто во третиот квартал годинава

t

Цените на недвижностите во третиот квартал годинава во државава се зголемиле за 21,2 отсто, во однос на истиот квартал од минатата година. Во периодот јули-септември годинава, споредено со претходните три месеци, растот на цените на недвижностите е за 4,7 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.

Во вториот квартал годинава цените на становите забележаа зголемување од 16,5 отсто на годишно, односно од 6,8 проценти на квартало ниво, додека во првиот квартал исто така имаше раст на годишно ниво од 12,4 отсто , односно од 2,9 на квартално ниво.

Државниот завод за статистика претходно објави дека во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани.

Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 метри квадратни.

Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отпушок од цигара предизвика пожар во ГОБ…

Избувна пожар во Одделот за ортопедија во…

Ритуал за прием со тепање, нацистички поздрави…

Бугарските власти разбиле неонацистичка организација, која се…

70.827 денари e минималната синдикална кошничка за…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември…

Во македонските затвори се магистрира и дипломира…

Адвокатот Драган Пешевски со став дека затворскиот…

Пријавиле индустриска, а увезувале нејодирана сол: Царината…

Царинските службеници спречиле обид за нелегален увоз…