Неделава започнува вакцинацијата против сезонски грип
Неделава започнува вакцинацијата против сезонски грип, а од Министерството за здравство информираат дека пристигнати се 60 илјади дози наменети за бесплатна вакцинација
-Во државата се пристигнати вкупно 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.
Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање, појаснуваат надлежните.
Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени следните ризични групи:
– Стари лица (над 65 години)
– Лица со хронични заболувања
– Здравствени работници
– Бремени жени
– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години
– Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица .
– Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Потсетуваме дека граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк, соопштија од МЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деца од Тетово пакувале дрога во работилница
Полициските “тигри” ја воделе акцијата во Тетово…
Огнен фронт низ Македонија: 11 пожари се…
До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17…
МВР го прогласи сообраќајот на Табановце за…
МВР известува дека е нормализиран сообраќајот на…
Претреси на повеќе локации во Тетово и…
На 21.08.2026, полициски службеници од СВР Тетово…
Лефков: Поранешните директори го посочиле Филипче како…
L По 5 години и голем број…