Неделков се надева дека членството на СОНК ќе го прифати покачувањето од 15%

t

Во препораката од преговарачот ќе стои дека платите во дејноста образование ќе се зголемат за 15% од месец септември. Овој процент ќе важи и со МТСП, тоа беше потврдено на средбата со министерката Тренчевска, информира претседателот на СОНК, Јаким Неделков после средбата во Министерството за образование и наука.

Неделков рече дека се согласиле со МОН ваква ситуација повеќе да не се случува.

-Овој процент на покачување на платите ќе важи и за вработените во градинките. Се на сѐ, сметам дека нашето членство ќе ги прифати овие пораки од помирувачот и ова ќе се преточи во спогодба. Претходно ова треба да помине на одлучување меѓу членството и во Советот на СОНК. Во рок најдоцна од десет дена треба да се потпише спогодбата, кажа Недеков пред новинарите.

Претседателот на СОНК информира дека во текот на утрешниот ден имаат уште една средба со министерката за труд и социјална политика, на која ќе се обидат да најдат соломонско решение за исплатата на дневниците за вработените во градинките кои беа во штрајк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ