Недостиг на гориво во делови од Русија, Москва ја продолжува забраната за извоз на бензин

t

Неколку руски региони и натаму се соочуваат со проблеми во снабдувањето со гориво, а најсериозна е состојбата во делови од Сибир, изјави заменик-премиерот на Русија, Александар Новак.

Според него, состојбата постепено се подобрува, но во одредени региони и понатаму останува тешка. Поради тоа, руските власти одлучија забраната за извоз на бензин да остане во сила до крајот на годината, додека ограничувањата за извоз на дизел ќе бидат укинати дури откако домашниот пазар целосно ќе се стабилизира.

Русија воведе повеќе мерки за заштита на домашното снабдување со гориво, откако зачестените украински напади со беспилотни летала врз нафтените рафинерии предизвикаа недостиг на бензин и нагло зголемување на цените.

Новак посочи дека, доколку биде потребно, Казахстан би можел да испорачува дополнителни количества нафтени деривати за рускиот пазар.

Казахстан во јули ја реализираше и првата испорака на бензин во Русија, при што околу 1.000 тони беа доставени во еден регион во централниот дел на земјата. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија собра 47 бомбардери способни за носење…

Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…

ИРАН ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА: Ниту еден атом…

Техеран ја извести Москва дека збогатениот нуклеарен…

Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…

Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…

Почина Рускиот амбасадор во САД

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…

Позната компанија во стечај направила штета од…

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…