Незаборавник: Димитар Влахов – револуционер посветен на Македонија

t

Незаборавник – За Македонцките работи(13.1)

/Револуционер, општественик, политичар, државник/

Димитар Влахов – револуционер посветен на Македонија

Димитар Влахов е личност во која се одразува континуитетот на македонската борба за државност и слобода. Во изградбата на современата македонска држава тој го вградува сето свое богато револуционерно, општествено и политичко искуство. Тој својата немерлива револуционерна енергија ја црпи од македонските народни маси.

Секогаш е меѓу народот, разговара со него, објаснува, пропагира, држи предавања за историски, политички и социјални теми, зборува на актуелни теми од различни области. Ја анализира балканската политика, го запознава народот со територијалните претензии кон Македонија на балканските монархии од соседство, се залага за решавање на македонското прашање.

Како избран претставник од Македонија во Турскиот парламент е многу активен. Познат е по неговиот говор против самоволието на младотурската власт над македонското население(1910г.), како и по говорот за заштита направата на малцинствата(1911г.). Истата година одржа особено интересен говор за бужето во 1911г. што воедно беше и една солидна економска и финансиска анализа  за систуацијата во Турција, која негативно се рефлектираше особено на Балканот каде еконмската и социјалната состојба на населението беше незавидна и загрижувачка. Исто така, многу значаен и познат е неговиот говор на оснивачката конференција на народноослободителниот фронт на Македонија, одржан на 26 ноември 1944г. во Скопје. На оваа конференција од него е изречена познатата мисла “Секој чесен Македонец што има добра желба и не бил предавник, треба да влезе во народноослободителниот фронт“. Тогаш тој е избран за прв претседател на НОФ на Македонија, кој во 1956г. се трансформираше во Социјалистички сојуз на работниот народ на Македонија, кој пак во 1991г. во плурална Македонија, прерасна во Социјалистичка партија на Македонија.

Неуморно работиво правец на револуционеризирање на македонските маси, во правец на искористување на секоја укажана можност за создавање на нова организациона форма во националната револуционерна борба на македонскиот народ за негово ослободување и создавање на независна македонска држава. Тој е еден од организаторите на Народната федеративна партија, член е на солунската Социјалистичка федерација и претседавач на Првиот конгрес на тутунските работници од Македонија. Изработува Манифест против Балканските војни, потпишан од пет социјалистички партии.

Во подоцнежната своја активност тој активно работи на организирањето на протести и реакции на светската јавност против германскиот фашизам, во времето кога се водат судските процеси против комунистите во фашистичка Германија. По негова заслуга се организираат протести во Париз и Лондон на кои учествуваат и зборуваат познати интелектуалци, писатели како што се Анри Торез, Стафорд Крипс, Васил Коларов, Моро Деафери, Анри Барбис, Марсел Кашан, Бержери, Притс и др.

Тој е еден од организаторите на потпишувањето на Мајскиот манифест во Виена(1924г.), што практично значело дека се помируваат раскараните фракции во ВМРО и истото се согласило заеднички да дејствува со комунистичките партии од Балканот. Познато е дека под разни влијанија подоцна Тодор Александров го повлекува својот потпис од Меморандумот, што значело еден вид суспендирање на важноста на тој акт. Но, со тоа не се согласил Влахов, и се вклучил во формирањето на ВМРО(Обединета)

Целиот свој живот Влахов и го посвети на борбата како за ослободување  и обединување на Македонија во една државна целост, така и за признавање на македонскиот народ како посебен и самостоен(“Кога зборувам за македонскиот народ ги имам во предвид на прво место македонските Славјани. Под името македонски народ во тоа време македонските дејатели го разбираа целото население на Македонија“).Таа негова татковинска борба беше многу тешка и макотрпна. Наидувал на постојан отпор, како од претставниците на светските сили на Балканот, така и од буржоазиите на балканските монархии, кои имаа претензии кон Македонија(“Но во работата сред македонските Славјани -егзархисти, револуционерните дејатели сретнаа голем отпор и силни пречки од страна на бугарската империјалистичка политика и нејзиниот орган бугарската Егзархија“).

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…