Незаборавник: За Македонцките работи(3)

t

За Македонија и Македонците

Од историјата треба да учиме не како да се однесуваме
или како да успееме, ами да знаеме кои сме, Лешок Колаковски.

‘’Јас не сум ни Бугарин, ни Грк, ни Цинцар. Јас сум чист Македонец, какви што биле Филип и Александар македонски и Аристотел филозоф’’, Изјави на македонски учител (во весници во Цариград)

‘’Оваа земја се нарекувала Македонија. Не е турска, ниту бугарска или српска. Не е ни богомилска, туку оваа земја е Македонија, а ние сме Македонци’’, Коста Рацин

Кој ја држи долината на Вардар, тој е господар на Балканот, Бизмарк

Почитувани, оваа колумна и следната со наслов “За македонизмот како факт и вистина(Verum Ipsum Faktum)“, ги посветувам на почитуваниот Бранко Героски, т.е. на неговото последно преформатирање во свежо освестен македонист и му посакувам добредојде во големата армија македонисти. Значи, најпрвин да видиме дали ќе се согласиме кои сме ние Македонците, од каде и од кога потекнуваме, т.е. кои се нашите македонски корени. А потоа ќе се думаме за Македонизмот. А фактот дека колумната ја објавувам кога премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков, е во посета на Република Македонија е чиста случајност и коенциденција.
Кога зборуваме за Македонија и Македонците, на зборовите им е тесно, а на мислите им е широко. Македонија и Македонците се како љубовта и поезијата: за нив се е речено, а сепак, се треба допрва да се рече. Еве и зошто: Македонија е Име на земја со долга, крвава и славна историја; Македонија е држава на народ со долги традиции, богата култура и огромно духовно богатство, сочинето од безброј духовни вредности. Македонија од Искон е земја на сонцето и светлината. Природните, културните и историските богатства ја сочинуваат волшебната убавина македонска – за век и веков. За вечност; Македонија е втиснат и неизбришлив печат во европската и светска меморија. Познато и признато име, откривано, проучувано и славено од апостоли, древни поети, мудреци, пророци, патописци и археолози; и Македонија богата ризница на стародревни записи по камењата, пергаментите и папирусите. Ги содржи сите преданија, митови, приказни и записи во слика и збор. За животот, борбата, достигнувањата, падовите и смртта на луѓето низ вековите и милениумите.

Едно мало историско потсетување: Од Македонија тргна походот, подготвен од најголемиот државник-стратег македонскиот цар Филип II, а реализиран од најголемиот воин и космополит на сите времиња Александар Македонски; Од Македонија кон Западот, со космополитска љубов и божествена светлина, тргна новозаветното христијанско послание што на Европа и го упати Св. Апостол Павле. Со Македонката Лидија во Македонија ја основа првата црква. Тука е напишано едно од четирите евангелија на Новиот завет – посланието на Апостол Лука; Од Македонија, девет века по Христа тргна и мисијата на светите солунски браќа Кирил и Методиј, која го запали огнот на Словото кај словенските народи, изведувајќи ги од мрак во духовна светлина на културно-цивилизациската сцена во Европа; Во Македонија е основана првата школа, т.е. првиот европски универзитет на светите Климент и Наум Охридски. И токму затоа Македонија е име со трагична убавина, со длабока, но плодна рана, во долгата историска ноќ на болка и самотија. Македонија е име со моќен и магичен звук, полна со древни легенди, песни и ора, со чудесни везови и мозаици. Земја со исконска првородена убост на природата. Земја светната како кристал, чија раскошна убавина отсликува волшебни слики кои се рефлексија на лебородните ниви и дрочните лојзарници и овоштарници.

Не забораваме, напротив, паметиме: Македонија секогаш е прекројувана, скусувана и преименувана. Ама во неа секогаш одново блика ново цвеќе. Затоа, за сите нас, Македонија е љубена и света. Со божествена убавина и со чудесна магична привлечност. За секој искрен, чесен и горделив Македонец, свето е се што постои во Македонија: непрегледните планински масиви, шуми и гори, бистрите и жуборливи реки, прекрасните бели езера, жолтите житородни полиња, миризливите цвеќиња, и целата флора и фауна во Македонија. Поради ова непроценливо природно богатство Македонија е земја на плодно поле, со безброј манастирски кораби, со крстови врз црквените кубиња, кои како златно класје се извишуваат високите планини, бајковитите висорамнини, од бреговите на прекрасните езера и бистрите реки.

Првичен заклучок: Зборуваме за Македонија ПРОСЛАВЕНА од Александар Македонски и неговиот татко Филип; ОСВЕТЕНА од апостол Павле; ОБЛАГОРОДЕНА од светите браќа Кирил и Методиј; ОПИСМЕНЕТА од Светите Наум и Климент Охридски; ОБЕДИНЕТА од славниот цар Самуил; БРАНЕТА од храбриот Добромир Стрез; ОБЕСМРТЕНА од Марко Крале; ОБЛЕАНА СО КРВТА на комитите, војводите, партизаните, револуционерите; и ВТЕМЕЛЕНА ВО ВЕЧНОСТА од Илинден 1903, Крушевската Република, АСНОМ и Референдумот од 8 септември 1991(мисла на Димитрија Чуповски од 1913 година, проширена и дополнета со АСНОМ и Референдумот 1991г.).

Логичен заклучок е дека Македонија и Македонците на историската сцена се појавиле, одамна, многу одамна – од времето кога е создаден култот кон Големата(Божја) мајка и богот Македон, на што се надоврзува времето од Античка Македонија. А потеклото, коренот им е од Пелазгите, од родот на Венетите, кои во 6-от век се преименувани во Словени. Понатаму продолжиле да егзистираат заедно со Македонските Словени од 6от век(Македонските Склавинии), па Словенското царство(Regnum Sclavorum) на цар Самуил во 10от век, кога денешните присвојувачи на се што е македонско и не постоеле. Кога постоела Македонската Империја на Филип и Александар Македонски, едни живееле во полиси(мали градови-државички), а кога пак Македонските Словени се помешале со Античките Македонци, други биле турко-татарски племиња, кои допрва ќе пристигнуваат на Балканот. мојот пријател Дардан Венетски би рекол Македонија не е обично име. Таа е идеја, бренд, криптограм, порака. Таа е концепт на владеење многу похуман од оној кој денес го практикуваат воените профитери( и на Запад и на Исток.). Но таа е и светлина во големиот мрак, која буди надеж дека овој хаос од војна, палежи, грабежи и бегалски егзодуси ќе има свој крај.

П.С.
Друже Героски, те молам, искрено те молам, ако има нешто спорно и одвишно во текстот, веднаш прати некој димен сигнал, да ги ангажираме Васко Ефтов и Зоран Заев да ја суредат работата: првиот како докажен шнајдер да скуси се што ќе кажеш, ако кажеш, а вториот да се извини за “кројката“ и тоа да го оправда на течен бугарски, српски или пак англиски јазик. Ич да не се притежаваш, само кажи. А за овие двајцата да не се секираш – тие се мајстори на својот занает.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Македонците како посебен народ во учебниците во…

МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ПОСЕБЕН НАРОД ВО УЧЕБНИЦИТЕ ВО…

Пендаровски им одговори на Бугарите: Постоењето на…

Претседателот Стево Пендаровски смета дека е потребна…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

БРАВО МАКЕДОНЦИ! Во центарот на Пустец ќе…

Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијатвата…