Независно судство: САД ја санкционираше шефицата на босанското Обвинителство – Ја поткопувала демократијата!

t

Шефицата на Обвинителството во Босна и Хергцеговина, Дијана Кајмаковиќ, е санкционирана од САД поради континуирани обиди за поткопување на демократијата и владеењето на правото во земјата, но и поради корупциски скандали, потврдија синоќа од Стејт департментот.

Лицата ставени на „црната листа” на Вашингтон не смеат да патуваат во САД и им се замрзнува имотот во земјата, забраната се распространува и на најблиските роднини.

-Кога се работи за Западен Балкан, една од целите е работа со владите и со народите од регионот за таргетирање, отстранување и искоренување на корупцијаа. Санкциите се еден важен инструмент во реализиација на тоа, изјави портпаролот Нед Прајс.

Тој додаде дека санкциите објавени од американското Министерство за правда се однесуваат на државен јавен обвинител кој се ангажирал во чинови на корупција.

-И покрај обврските на избегнување малверзации во извршувањето на обвинителската должност, Дијана Кајмаковиќ е флагрантен пример на корумпиран државен обвинител на Босна и Херцеговина, поврзан со криминални организации, се вели во соопштението од Министерсвото.

По доаѓањето на Џо Бајден на власт, американските институции по четврти пат преземаат мерки насочени против лица кои, меѓу другото, се одговорни или учествувале во корупција или поткопување на демократските процеси или институции во Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…